Правила на Форумот
1) Регистрацијата на форумот е бесплатна! Секој има право на регистрирање и избор на корисничко име. Со самото регистрирање, членот се обврзува дека никогаш нема да го посредува своето корисничко име или својата лозинка на други членови или лица. Исто така, членот се согласува дека никогаш нема да користи две или повеќе членски имиња при пишувањето или разгледувањето на форумот.
2) Мкдинфо Форумот се обврзува дека ќе ја почитува приватноста и анонимноста на своите членови и гарантира дека вашите податоци нема да ги посредува на трети лица. При вашето регистрирање на Мкдинфо Форум, потребни ќе ви се валидна електронска пошта и лозинка. Останатите податоци се по ваш избор.
3) Мкдинфо Форумот може да разоткрие нечии податоци ако се сомнева дека членот јавно ја загрозува безбедноста на податоците и на самиот форум. Со секоја ваша посета на Мкдинфо Форум, вашата IP адреса се снима.
4) Членот се согласува дека нема да се служи со материјал кој е лажен, клеветнички, злоупотребен, вулгарен, полн со омраза (расна, национална, сексуална, културна или лична), вознемирувачки кон другите членови и материјал кој ја повредува приватноста на членовите.
5) Членот се согласува дека нема да нуди линкови кои водат до страни кои содржат вируси, тројанци и друг материјал кој може да наштети на членовите.
6) Модераторите и администраторите на форумот имаат целосно право (и должност) да ги избришат сите информации приложени на форумот со кои се кршат правилата. Тоа вклучува секакви содржини објавени на форумот и галеријата, информации за корисникот, аватари, потписи, па дури и целото корисничко име - доколку тие одлучат дека тоа е потребно.
7) Членот се согласува дека нема да нуди линкови кои водат до страни кои содржат вируси, тројанци и друг материјал кој може да наштети на членовите.
8) Членот не смее да ги уништува темите на форумот со други информации кои не се поврзани со темата, лични муабети и слично. За се' што не е поврзано со темите на форумот, постојат приватните пораки.
9) Основен јазик на форумот е македонскиот (секако бугарскиот и српскиот се дозволени), а препорачливо е користење на кирилица. Сите пораки напишани на странски јазик ќе бидат избришани, а членовите ќе бидат опоменати дека ги прекршуваат правилата.
10) Кршењето на правилата на форумот може да резултира и ќе резултира со бан, односно забранет пристап на страниците. За времетраењето на забраната одлучуваат администраторите на форумот, а членот ќе биде известен за причината и рокот на истекување.
11) Банираните членови, односно членовите со забранет пристап на форумот (привремено или трајно) не смеат да отворат ново членство. Доколку тоа се случи, тие ќе бидат трајно банирани или избришани.
12) Сите мислења (и информации) објавени од членовите претставуваат лични ставови на членовите, а не на сопствениците на форумот.
13) Сите прашања во врска со Мкдинфо Форумот, правилата, ваши предлози, критики и сугестии може да ги објавите во форумот За Мкдинфо форумот каде ќе добиете одговор во најскоро можно време. Не „трчајте“ по администраторите и модераторите насекаде на форумот, за прашања обратете се во форумот наменет за тоа.
14) Мкдинфо Форум го задржува правото на промена на правилата, но се обврзува дека тие ќе бидат соопштени во најбрз можен рок.